Слободанка Чичевска

Слободанка Чичевска
Роден(а)8 јуни 1964(1964-06-08)(61 г.)
Велес
НационалностМакедонка
ОбразованиеУниверзитет ЕУРОПА ПРИМА Скопје Академија за театар и филм Софија
ДелаТеатар Ј.Х.К.- Џинот Велес
НаградиНаграда за животно дело „Петре Прличко" за 2025 година

Слободанка Танева-Чичевска (р. 8 јуни 1964 година) — македонска театарска и филмска глумица која живее и работи во Велес.

Животопис

Слободанка Чичевска е родена на 8 јуни 1964 година во Велес, Македонија. Основно и средно образование, завршила во  Гимназија „Кочо Рацин", Велес. Студирала на Академијата за театар и филм во Софија, Бугарија, а потоа завршила и на Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА во Скопје, во класата на професор Мето Јовановски. Според театарскиот критичар Иван Ивановски, таа е актерка во театарот, која подеднакво добро се снаоѓа и во класичните и во улогите со комичен карактер, застапена и како режисер и како автор на повеќе претстави за деца. Чичевска започнала да работи во велешкиот театар од 1978 година како член на Младинското студио. Вработена е во Театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од 15 октомври 1986 година.

Театарски улоги

Чичевска во 1984 година со „Сомнително лице“ во режија на легендарниот Петре Прличко и со него во главна улога таа ја игра Анѓа, тогаш велешкиот театар добил ново име „Драмски театар“, без атрибутот аматерски, и тоа бил предвесникот за враќање на професиналниот статус.

Во 1986 година со се вработила во велешкиот театар. Го напуштила електротехничкиот факултет и школувањето го заокружила подоцна во Софија и започнала со улогите: Агафја во „Женидба“, Дона Елвира во „Дон Жуан“, Соња во „Вујко Вања“, Попова во „Мечка“ и мн. други.

Од 1992 година започнала да игра во претстави во античкиот театар Стоби. Настапувала како  Електра во „Електра“ од Еврипид на 27 јули 1992[1], улогата Антигона во „Антигона“ од Софокле, Клитајмнестра во „Ифигенеја во Авлида“, Елена Тројанска во „Орест“ Клитемнестра во „Ифигенеја во Авлида", Јокаста од „Ојдип Тиранин",  Касандра, Елена- Тројанска од „Орест" Еврипид, Лампита во „Лисистрата, Сила во Плутос", Бегалка во „Баханалии" , Ученикот од „Облаци", „Птици од Аристофан“, „Жени во народното собрание", „Бакхи", „Сердарот" од Прличев и мн. други[1].

Чичевска е режисер  на повеќе од 15- тина претстави за деца во кој се јавува и како автор на текст во: „Смрзнатиот пингвин", „Маја и крадците", „Царче Жарче"[2], „Златната рипка", „Шумска болница"[3] адаптација и режија на „Емигранти"- Мрожек, „Некрстени денови"[4], „Будење на Ангелите".

Покрај тоа, Чичевска својот глас го позајмила и во неколку радиодрами, хумористичната емисија „Коце и Коца"  која повеќе години се емитувала секоја сабота во живо. Таа е оснивач на Младинското студио „Прличко".

Филмографија

Таа била дел од и од филмски дела, како што се улогите на: Гувернанта во „На Балканот не се пие чај", улогата на првата другарка на Сербез Донка, во „Сербез Донка", „Македонски народни приказни“, серијата „Погрешно време" - во две улоги како инспекторка и проститутка,  улогата на мајката во „Вистински момент", на А. Арсовски и улогата на Цвета во „Мајка" на Ѓ. Лазов.


Награди

  • Плакета „Вила Зора“ за актерка на годината во 1997 година
  • Гран-при за најдобра претстава за деца на ФААД- Кочани за режија и адаптација на „Златната рипка".
  • Пофалчница „9 номеври“[5] за вкупен придонес на театарската уметност во Општина Велес во 2016 година.
  • Награда за животно дело „Петре Прличко" за 2025 година[6]

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Електра“. Сакам Да Кажам. 2018-07-29. Посетено на 2025-04-26.
  2. „Театарска претстава „Царче Жарче". arhiva.veles.gov.mk. Посетено на 2025-04-26.
  3. „Со изведбата на претставата „Шумска болница" НТ „Ј.Х.К.Џинот" од Велес ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот - BATALI.net“. 2021-03-27. Посетено на 2025-04-26.
  4. „Некрстени денови вечерва премиерно во Велес“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2025-04-26.
  5. „Врачени 9-то ноемвриските награди и признанија за 2016 година“. arhiva.veles.gov.mk. Посетено на 2025-04-26.
  6. Велес, Антоанела Димитриевска (2025-03-28). „Отворен 4.Фестивал 5 РЕ, врачена актерската награда за животно дело „Петре Прличко" за 2025 на Слободанка Чичевска“. Mia.mk. Посетено на 2025-04-26.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya