Слобода на морињата
МБ Слобода на морињата (MS Freedom of the Seas) е крстосувач на Кралската Карипска Интернационала (Royal Caribbean International) и именител на неговата класа. Ова е вториот најголем патнички брод на светот (по Класа Оаза|класата Оаза), со капацитет за преку 4.300 гости на петнаесет палуби, опслужувани од преку 1.300 посада. Бродот држел титулата за најголем патнички брод сѐ до 2009 г. со изградбата на бродовите од класата „Оаза“, од истиот сопственик. Изградба![]() Слобода на морињата е изграден од бродоградилиштето Акер Јардс во Турку, Финска кој исто така ги гради и другите бродови од класата Слобода. Со завршувањето на изградбата, овој брод станал најголемиот патнички брод на светот, земајќи му ја титулата на Кунардовиот брод „Кралица Мери 2“, за во 2009 г. да биде надминат од бродовите од класата „Оаза“. Слобода е за 2,4 метри потесен од КМ2 на водното ниво, за 6 пократок и има за 1,5 помала подводна висина. Меѓутоа овој брод е поголем по тонажа и со тоа е вториот најтежок патнички брод во светот. СодржиниНа бродот има три места за пливање; интерактивен воден парк, посебен базен за возрасни и главен базен. Има два џакузи кои надвиснуваат од страните на бродот. На Кралската Променада има кафуле, пицерија Сорентос, сладоледџилница Бен и Џерис, винарија, ирски паб, и многу фришопи. На 13-тата палуба има има спортски содржини како ѕид за искачување по карпи, FlowRider (бранопроизводител за сурф-симулација), терен за миниголф и правилен кошаркарски терен. Други содржини се лизгалиште, казино, ресторан Џони Рокетс, Wi-Fi можности низ целиот брод, телевизори со рамен екран во сите кабини, како и здружливост за мобилни телефони. Факти и податоци
Галерија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia