Словењ ГрадецСловењ Градец (словенечки: Slovenj Gradec) — град во Словенија. Тој е административен, стопански и културен центар на Мислинската Долина. Градот се наоѓа меѓу Похорје и Уршља Гора. Во 1989 година, генералниот секретар на ООН го прогласил за Гласник на мирот (Peace Messenger)[1] ИсторијаДемографијаСтопанствоКултурноисториски знаменитостиВо центарот на градот се наоѓаат згради од 19 век, а на некои места има остатоци од средновековната тврдина. Посебно се истакнува некогашната општинска зграда во која денес се сместени Корошката галерија на ликовните уметности, Корошкиот покраински музеј и Туристичко-информативниот центар. Најстарата црква во Словењ Градец е Св. Елизабета, која во 1251 година Бертолд Андески ѝ ја посветил на својата роднина св. Елизабета Туринска. Првобитно, црквата била изградена во романски стил, а подоцна била доградувана во готски, ренесансен и барокен стил. Црквата на св. Дух од 1428 година претставува пример на готска архитектура, додека внатрешниот дел е во барокен стил. Во неа се наоѓаат фреските од 1450 година, насликани од Андреј од Отинг. Во стилот на доцната готика е и црквата Св. Панкрациј, која се наоѓа на стариот плоштад, додека црквата Св. Јулија лежи врз остатоци од археолошко наоѓалиште од 9 век.[1]
Природни знаменитостиСпортВо самиот центар на Словењ Градец се наоѓа спортски центар со вкупна површина од 18.770 квадратни метри, од кои покриената површина опфаќа 1.776 квадратни метри. Исто така, во рамките на спортскиот центар постои стадион, со големина од 100 х 65 метри, со атлетски патеки (осум патеки на 400 метри и шест патеки на 100 метри), како и неколку асфалтни игралишта за ракомет, кошарка и одбојка. Во близина на спортскиот центар се наоѓа летен базен, со димензии од 20 х 10 метри, како и мал базен, со димензии од 6 х 10 метри. Спортската сала во рамките на центарот, вклучува:[1]
Традиционални приредбиВо Словењ Градец се организираат поголем број саеми, фестивали и свечености, како:[1]
Познати личностиОд Словењ Градец потекнуваат или во него живееле повеќе познати личности, како:[1]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia