Смил
![]() ![]() Смил (смиљ, смилика, лат. Helichrysum), голем род на едногодишни растенија, повеќегодишни, полугрмушки и грмушки од фамилијата главоцветни (Asteracea). Вклучува повеќе од 560 видови, од кои најпознат е медитеранскиот смил или теснолистниот смил, крајбрежниот смил ( Helichrysum italicum ) кој расте на сончевиот, карпест Медитеран. Овој вид расте до 60 см, има тесни листови и жолти цветови, а најпознат е по својата делотворност врз стареењето на кожата.[1] Покрај медитеранскиот смил, во Хрватска расте и крајбрежниот смил ( H. litoreum ); стоичадесов смил ( H. stoechas ); песочен смил ( Helichrysum arenarium). Растението е познато и како златноцветна трева, која исто така добро поднесува високи летни температури на карстниот и карпестиот терен, па овие видови се широко распространети во медитеранските земји: Хрватска, Италија, Франција, Шпанија, Кипар, Мароко, Алжир; Смилот го нарекуваат и „растение кое никогаш не вене“ и кое долго време убаво мириса. Латинското име на родот доаѓа од грчките зборови хелиос (сонце) и хрисон (златно), веројатно поради неговите жолти цветови. Денес, растението често се одгледува главно поради квалитетното масло што го содржи. Маслото се користи во козметичката индустрија и медицината. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia