Смиља Мучибабиќ
Смиља Мучибабиќ (Smilja Mučibabić),(14 октомври 1912, Мостар – 12 август 2006, Сараево) — босанско-херцеговски биолог. Таа била една од најистакнатите билози во поранешна Југославија во 20 век.[1] БиографијаСмиља Мучибабиќ е родена во Мостар, на 14 септември 1912 година, каде се стекнува со основно и средно образование. Од 1930 до 1934 година студирала биологија на Филозофскиот факултет во Белград. Тогаш Мостар бил во Австроунгарското Царство. Пред Втората светска војна била професор во Велико Градиште, а потоа и во Сремски Карловци. Како член на група прокомунистички активисти, таа била уапсена и однесена во германскиот логор Јанкомир во близина на Загреб, а подоцна и во затворот на Савската цеста каде била задржана до крајот на војната во 1945 година. Првите години по воените денови, Смиља Мучибабиќ се вратила во Крапина и работела во средно училиште до крајот на учебната 1945/1946 година. Таа била префрлена во Училиштето за наставници во Мостар.[2] Следната година, како искусен професионалец, таа била назначена за директорка на оваа гимназија. Било забележано нејзиното успешно управување со Гимназијата и нејзината грижа за унапредување на наставата и добила бројни награди и признанија. Во есента 1949 година станала професор при Вишото педагошко училиште во Сараево. Таа работела таму сè до основањето на Катедрата за биологија на Филозофскиот факултет во Сараево (1954). Потоа била испратена во Зоолошкиот институт на Природно-математичкиот факултет во Белград. Две години работела на отворање и пуштање во употреба на новоформираната Катедра за биологија во Сараево. Таа добила стипендија од британски совет на Универзитетот во Кембриџ. Две години работела на докторска дисертација во протозоолошка екологија. На Смиља Мучибабиќ и било дозволено да ја брани докторската теза по две години.[3][4][5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia