Снофру
Снофру (snfr-wj „Ме усоврши“, од Hr-nb-mꜣꜥt-snfr-wj „Хор, господар на Маат, ме усоврши“, исто така прочитано како Снефру или Снофру),[4] добро познат под неговото хеленизирано име Сорис (Koinē грчки според Манетон), бил првиот фараон на Четвртата египетска династија за време на Старото Кралство. Проценките за неговото владеење се разликуваат, на пример, Оксфордската историја на Стариот Египет сугерира владеење од околу 2613 до 2589 година п.н.е.[5], владеење од 24 години, додека Ролф Краус сугерира 30-годишно владеење[6] и Рајнер Штаделман 48-годишно владеење.[7] Тој изградил најмалку три пирамиди кои преживеале до денес, и вовелел големи иновации во дизајнот и изградбата на пирамидите. Должина на владеењето![]() Кралскиот список од Торино прикажува 24 годишно владеење на Снофру, и денес се смета дека е малку, и дека Снофру владеел со Египет најмалку 27 години. Според Каменот од Палермо, Снофру владеел најмалку 28 години. Бидејќи постојат многу периоди во владеењето на Снофру, овој фараон, најверојатно, владеел повеќе од 30 години за да успее да изгради три пирамиди во своето долго владеење, но не 48 години. СемејствоСнофру бил првиот крал на четвртата династија на древниот Египет, кој според Манетон владеел 24 години (2613-2589 п.н.е.). ![]() Извор од Средното Кралство, го поддржува фактот дека фараонот Хуни бил претходник на Снофру. Во него се вели дека „неговото величество кралот на Горниот и Долнио Египет, Хуни, дошол до местото за лежење (т.е. умрел), а неговото величество кралот на Горниот и Долниот Египет, Снофру, бил прогласен за корисен владетел во целата оваа земја. . .“[8] Од овој текст дознаваме дека подоцнежните генерации го сметале за „корисен“ владетел. Оваа идеја може да произлезе од етимологијата на името на кралот.[9] Не е сигурно дали Хуни бил таткото на Снофру; сепак, Каменот од Каиро означува дека неговата мајка можеби била жена по име Мересанкх.[10] Хетеферес I била главната жена на Снофру и мајката на Хуфу,[11] градителот на Големата пирамида на платото Гиза. Градежни проектиНајпознатите споменици од владеењето на Снофру се трите пирамиди за кои се смета дека ги изградил тој во Дахшур: Свиткана пирамида, Црвена пирамида и Медум (пирамидата во Медум). За време на владеењето на Снофру, имало голема еволуција во монументалните пирамидални структури, што ќе доведе до Големата пирамида на Хуфу, која се смета за врв на величественоста и раскошот на Старото Кралство, и за еден од седумте светски чуда на антички свет. Првата од големите градби на Снофру е пирамидата во Медум. Постои одредена дебата меѓу научниците за тоа дали Снофру е градителот на оваа пирамида, а многумина го сметаат фараонот Хуни за нејзин градител. Сепак, пирамидата е извонреден пример за напредокот на технологијата и за идеологијата околу погребното место на владетелот. ![]() Свитканата пирамида, исто така позната како ромбоидна или преплавена пирамида, потврдува уште поголем пораст на архитектонските иновации. Како што сугерира името, аголот на наклонот се менува од 55° до околу 43° во горните нивоа на пирамидата. Многу е веројатно дека пирамидата првично не била дизајнирана да биде изградена на овој начин, но била изменета за време на градењето поради нестабилните слоеви на почвата. Како средство за стабилизирање на структурата, горните слоеви биле поставени хоризонтално, со што се напуштил концептот на слојната пирамида.[12] Исто така, постојат два влеза, еден од север и еден од запад. Подземните комори се многу поголеми и се разликуваат од ѕидовите и таваните на коридорите со покомплексни дијагонални портикулисни системи. ![]() Со зголемувањето на иновациите во градежните проекти на Снофру, се очекува неговата последна пирамида, Црвена пирамида, да покаже најголема сложеност и промена во архитектурата. На прв поглед, се чини дека изградбата на Црвената пирамида навидум е поедноставна од претходната. Египтологот Џ.П. Лепре е убеден дека постојат тајни комори кои чекаат да бидат откриени во рамките на камената градба. Бидејќи останките на кралот Снофру сè уште не се пронајдени, можно е неговиот саркофаг и мумијата да лежат скриени во неговата мистериозна последната пирамида.[13] Дали оваа претпоставка е вистинита или не, е оставена на современите археолози за да се утврди. За да можел Снофру да преземе такви масовни градежни проекти, тој морал да обезбеди работна рака и материјали. Освојувањата на Снофруво Либија и Нубија служеле за две цели: првата цел била да се добие работна сила, а втората цел била да се добие пристап до суровините и специјалните производи што биле достапни во овие земји.[14] Ова се споменува во Каменот од Палермо. ![]() Според овој натпис, Снофру можел да зароби голем број луѓе од други нации, да ги направи затвореници и потоа да ги присили да бидат работна сила. За време на неговите освојувања во Нубија и Либија, тој, исто така, го заробил добитокот заради одржување на неговата масовна работна сила. Ваквите упади мора да биле неверојатно катастрофални за населението на тие држави, и се претпоставува дека походите во Нубија можеле да придонесат за ширење на културата на А-групата во тој регион. Воените напори на Снофру во древна Либија довеле до заробување на 11.000 затвореници и 13.100 глави на добиток.[15] Освен обемниот увоз на кедар (најверојатно од Либан), постојат докази за активност во рудниците за тиркиз на Синајскиот Полуостров.[16] Исто така, имало големи проекти во каменоломите за да се обезбеди каменот што му бил потребен за неговите пирамиди. Бродот од кедрово дрво на Снофру „Пофалба на двете земји“ е првиот познат пример на брод кој имал име.[17] Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia