Во најстарите градби може да се идентификуваат различни видови соби, како: соби за спиење, кујни, бањи, соби за прием итн. На пример, во Акротири се откриени соби изградени над други соби, поврзани со скали, како и бањи со делови за капење и тоалети, поврзани со систем од керамички цевки, посебно за топла и студена вода.[1] Во Стариот Рим се среќаваат сложени градби со различни видови соби, вклучувајќи и внатрешни бањи. Исто така, и Маите граделе згради со напреден систем на соби. Меѓутоа, сложени градби на повеќе нивоа со удобни соби се појавиле дури за време на владеењето на династијата Хан во Кина (200 п.н.е.)Предлошка:Dispute-inline при што овие градби содржеле и меѓусебно поврзани соби.
Собата како тема во уметноста и во популарната култура
„Собата 13“ (англиски: Room 13) — песна на американската панкхард-кор група Блек флег (Black Flag) од 1981 година.[10]
„Психоделична соба за шиење“ (англиски: Psychedelic Sewing Room) — песна на американската рок-група Бонгвотер (Bongwater) од 1989 година.[11]
„Најтоплата соба“ (англиски: The Warmest Room) — песна на британскиот рок-музичар Били Брег (Billy Bragg) од 1986 година.[12]
„Мала соба“ (англиски: Little Room) — песна на американската рок-група Вајт страјпс (The White Stripes) од 2001 година.[13]
„Собата 23“ (хрватски: Soba 23) — песна на хрватската поп-група Денис и Денис (Denis i Denis) од 1985 година.[14]
„Ти знаеш дека твојата соба има четири агли“ (српски: Ti znaš da tvoja soba ima 4 ugla) — песна на српската рок-група Дисциплина кичме од 1982 година.[15]
„Соба“ - песна на српската рок-група ЕКВ (ЕКВ) од 1986 година.[16]
„Во мојата соба“ (англиски: In My Room) — песна на англиската електро-поп група Јазу (Yazoo) од 1982 година.[17]
„Кралска соба за спиење“ (англиски: Imperial Bedroom) — музички албум на британскиот рок-музичарЕлвис Костело (Elvis Costello) од 1982 година.[18]
„Бела соба“ (англиски: White Room) — песна на британската рок-група Крим (The Cream) од 1968 година.[19]
„Соба без прозорец“ (англиски: Room Without A Window) - песна на американската рок-група Operation Ivy.[20]
„Запалена соба“ (англиски: Room on Fire) — песна на американската група Строукс (The Strokes) од 2003 година.[21]
„Да се сретнеме во бањата“ (англиски: Meet Me In The Bathroom) — песна на Строукс од 2003 година.[22]
„Собата 208“ (англиски: Room 208) — песна на британската група Фјучер соунд оф Лондон (The Future Sound of London) од 1994 година.[23]
„Соба полна со огледала“ (англиски: Room Full Of Mirrors) — песна на американскиот рок-музичар Џими Хендрикс (Jimi Hendrix) од 1969 година.[24]