Солза — телесна течност што се јавува како производ на солзните жлезди во окото на луѓето и некои животни.[1] Солзата е бистра, безбојна и солена течност која во тенок слој ги плакне рожницата и конјуктивот на окото и на тој начин ги штити од сушење и ги подобрува оптичките својства на површината на рожницата. Исто така, при надворешна иритација, солзните жлезди лачат солзи за да го заштитат окото од прашина, микроорганизми и механички надворешни предмети. За време на псиењето, солзните жлезди не лачат солзи.
Кај луѓето, солзниот филм кој го премачкува окото, познат како прекорнеален филм, се состои од три слоја:[2]
Липиден слој кој се состои од масла кои ги лачат тарзалните или меибоминските жлезди. Обвивката е составена од воден слој, хидрофобна бариера, која го спречува нивното истекување на образот. Овие жлезди се наоѓаат меѓу очмите капаци.[3]
Солзен слој кој се состои од муцин и од конјуктивни пехарасти клетки. Тој служи како обвивка на рожницата, а хидрофилниот слој овозможува и дистрибуција на солзниот филм.
Солзата како тема во уметноста и во популарната култура
Солзата како мотив во книжевноста
„Солзи“ - расказ на македонскиот писател Горан Петревски од 2014 година.[5]
„Солзите не се доволни“ (англиски: Tears Are Not Enough) - песна на британската поп-група АБЦ (ABC) од 1982 година.[8]
„Тивки солзи“ (англиски: Silent Tears) — песна на американската рок-група Bad Brains од 1986 година.[9]
„Солзите на Леви Стаб“ (англиски: Levi Stubbs' Tears) — песна на британскиот рок-музичар Били Брег (Billy Bragg) од 1986 година.[10]
„Солзи“ (англиски: Tears) — композиција на американската џез-група Weather Report од 1971 година.[11]
„Солзи“ (англиски: Teardrops) - песна на дуетот Womack & Womack од 1988 година.[12]
„Море од солзи“ (англиски: Sea Of Tears) - песна на британскиот музичар Голди (Goldie) од 1995 година.[13]
„Изгледа ќе ги обесам моите солзи да се исушат“ (англиски: I Guess I'll Hang My Tears Out To Dry) — композиција на американскиот џез-музичар Декстер Гордон (Dexter Gordon) од 1962 година.[14]
„Секоја солза исчезнува“ (англиски: Every Tear Disappears) — песна на американската музичарка St. Vincent од 2014 година.[21]
„96 солзи“ (англиски: 96 Tears') - песна на американската музичка група Suicide од 1977 година.[22]
„Кога тие солзи“ (англиски: If Those Tears) — песна на американската рок-група Тин вајт роуп (Thin White Rope) од 1987 година.[23]
„Солзи“ (англиски: Tears) — песна на шкотската рок-група Тинејџ фанклаб (Teenage Fanclub) од 1995 година.[24]
„Без солзи“ (англиски: No Tears) - песна на американската музичка група Tuxedomoon од 1978 година.[25]
Солзата експлодира (англиски: The Teardrop Explodes) - британската рок-група, основана во 1978 година.[26]
„Ситни солзи“ (англиски: Tiny Tears) — песна на британската рок-група Тиндерстикс (Tindersticks) од 1995 година.[27]
„Удавена во сопствените солзи“ (англиски: Drown in my own tears) - песна на американската соул-пејачка Арета Френклин (Aretha Franklin) од 1967 година.[28]
Наводи
↑„Eye, human“, Encyclopædia Britannica 2006, Ultimate Reference Suite, DVD 2009.