Солница![]() ![]() Солница — рамен предел од земјиште покриено со слој од сол и други минерали. Ова се природни појави кои се среќаваат во пустини, за разлика од соланите, кои се вештачки творби. ПрегледЕдна солница се образува со испарувањето на вода од езеро или бара. Ова се случува во мошне сушни предели, каде испарувањето на водата е поголемо од количеството на врнежи. Тука водата нема можност да се исцеди во земјата, па останува на површината додека не испари, оставајќи талози од минералите растворени во водата. Со текот на илјадници години овие соли се таложат во дебел слој, наречен и „дебела земја“.[1] Минералите ја одбиваат сончевата светлина, што му даваат сјајно бела боја на пределот. Некои солници можат да бидат опасни. Кората може да крие блатиште од кал во кое се заглибуваат потешките возила. Познат пример за ваков предел е депресијата Катара во источна Сахара, чии прикриени блатишта послужиле како стратешки препреки за време на Втората светска војна.[2] Примери
ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia