Сомелие

Сомелие како проверува вино
Нож на сомелие — важна алатка за сомелието.

Сомелие (француски: sommelier) — обучен стручњак за вино со големи познавања, кој работи во ресторан и специјализира во сите аспекти на служењето на вино. Тој игра поспецијализирана и поинформирана улога отколку винскиот келнер.

Во работата на еден сомелие спаѓа набавка на вино, негово чување и ротација на вински подрум. Тој е одговорен и за изготвување на вински карти како и за послужувањето на вино и за обуката на друг персонал во рестаранот. Тој работи заедно со готвачкиот персонал и спарува или предлага вино кое би одело најдобро со некое јадење на менито. Може да се рече дека улогата на сомелието денес е стратешки на исто рамниште со онаа на главниот говач. Професионалниот сомелие исто така работи во самата сала и е во непосреден контакт со гостите. Тој има одговорност да работи во рамките на вкусот и буџетот на гостинот.

Во денешно време еден сомелие има поширока улога отколку само работа со вино, па така во неа спаѓаат сите аспекти на ресторанската услуга, со особен акцент на вино, пиво, жестоки пијалаци, газирани пијалаци, коктели, минерални води и пури. Некои ресторани вработуваат еден сомелие за вода, еден за виски, еден за пури итн. Некои од нив пишуваат вински водичи и изведуваат јавни дегустации, па така имаат улога мошне слична на новинар.

Поврзано

Надворешни врски

  • Сомелие на Ризницата ?
  • Мицев, Георги; Методијески, Дејан (27 мај 2017). „Сомелиерство - стручна симбиоза меѓу кулинарскиот и винскиот туризам“ (PDF). Зборник на трудови од втората меѓународна научно-стручна конференција „Состојби и перспективи во туризмот, економијата и бизнис логистиката. Штип: 128–137.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya