Сопотнички манастир
Сопотнички манастир — средновековен манастир во областа Железник, во југозападниот дел од Македонија.[1] Манастирот се наоѓа на падините на Плакенска Планина, во близина на селото Сопотница. ИсторијаМанастирот е возобновен во поново време, при што темелите биле поставени во 2005 година.[2] Во мај 2015 година, до манастирот бил тампониран пат во должина од околу 1,5 км директно од селото Сопотница како алтернатива за патот во должина од 10 км преку патот за селото Радово.[3] ГрадбиВо склоп на манастирот спаѓаат манастирската црква и трпезарија наменета за чествување на празници. Црква „Свети Атанасиј“Црквата е подигната на темелите на постар храм, а на тоа укажуваат и пронајдените артефакти.[2] Градбата има правоаголна основа, со полукружна апсида во нејзиниот заден дел, и претставува крсто-куполен храм. Над влезната порта се забележува живопис, на којшто е прикажан Свети Атанасиј Велики. Особено забележителна е осумаголната купола што се издига од средишниот дел на покривот на црквата и над која е поставен крст. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia