Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“
Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ (или скратено СУ) е најстарата високообразовна институција во Бугарија, создадена на 1 октомври 1888 год. со решение на Народното собрание на Кнежевство Бугарија. Централното крило на зградата на СУ е изградено со помош на великодушните донации на браќата Евлоги и Христо Георгиеви. Денес нивните скулптури го красат главниот влез на Ректоратот. ИсторијаНа 1 октомври 1888 година многу скромно започнуваат лекции во Историско-филолошкото одделение на Вишиот педагошки курс при Софиската машка гиназија со четворица редовни, тројца вонредни професори и 43 студенти. Во 1889 и 1892 год. се основаат уште два факултета - Физичко-математичкиот и Правниот. По неколку месеци е преименуван во Вишо училиште, а во 1904 г. - во универзитет. Прв негов ректор е познатиот бугарски јазичар Александар Теодоров-Балан. СтруктураДенес СУ има 15 факултети и 3 одделенија. Факултети
Одделенија
ПоврзаноВрски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia