Софија Монфератска
Софија Монфератска била византиска царица, сопруга на византискиот царот Јован VIII Палеолог. Софија била ќерка на маркиз Теодор II де Монферат и Жана де Бар. На 26 јануари 1404 година Софија била свршена за Филипо Марија Висконти, син на миланскиот војвода Џан Галеацо Висконти. Но бракот така и не се одржал. На 19 јануари 1421 година Софија била мажена за Јован VIII Палеолог, единствениот преживеан син на царот Мануел II Палеолог и Елена Драгаш. Во тоа време Јован бил соцар на својот татко. Според Сфранцес, бракот бил склучен во катедралата Света Софија во Цариград[1]. Мануил Палеолог испратил специјален амбасадор до католичкиот собор во Констанца, додека барал папска дозвола за склучување на брак меѓу Софија и Јован VIII. Проблем се покажало преминувањето на Софија од католицизмот во Православната вера. Конечно се добило дозвола од папата Мартин V, кој бил избран од соборот во Констанца. Според гласините.[2][3], Јован VIII не бил задоволен од бракот и стоел подалеку од својата сопруга[2][3]. На 21 јули 1425 година починал Мануел VIII Палеолог, а престолот бил наследен од Јован VIII. Тогаш Софија ја подместила својата свекрва како постара царица. Сепак бракот меѓу Софија и Јован VIII бил раскинат во август 1426[4]. Софија не се преженила и починала осум години подоцна. Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia