Софи Тарнер
Софи Тарнер (родена на 21 февруари 1996 г.)[1] — англиска глумица. Тарнер го имала своето професионално глумечко деби како Санса Старк во серијата Игра на тронови, која ѝ донела светско признание и пофалби од страна на филмските критичари. За нејзината изведба, таа добила четири номинации за наградата на здружението на глумци за најдобра глумечка екипа во драмска серија, како и номинација за најдобра млада споредна глумица во ТВ серија.[2] Tарнер глумела во телевизискиот филм Тринаесеттата приказна (2013), а прва улога во долгометражен филм добила во трилерот Друга јас (2013). Таа исто така глумела во комедијата Едвај смртоносна (2015) и во Икс-мен: Апокалипса (2016). КариераОд 2011 година, Тарнер ја играла Санса Старк, млада благородничка, во серијата Игра на тронови. Санса била нејзина прва филмска улога.[1] Таа била охрабрена од нејзината драмска учителка да се пријави на аудиција за улогата,[3] притоа заради улогата ја променила својата боја на коса од руса во костенлива.[4] Во 2012 година, таа била номинирана за најдобра млада споредна глумица во ТВ серија за нејзината изведба на Санса. Досега, Тарнер се појавила во сите шест емитувани сезони од серијата. Во 2013 година, таа ја добила својата прва улога во долгометражен филм, играјќи главна улога во независниот трилер Друга Јас, заснован на истоимениот роман од Кетрин Макфејл. Таа исто така играла во телевизискиот филм Тринаесеттата приказна. Во 2013 година, таа добила улога во комедија Едвај смртоносна, заедно со Хејли Стајнфелд.[5][6] Тарнер била и раскажувач на расказот на Лев Гросман, Девојката во огледалото во аудиокнигата Опасни жени, која е антологија на раскази кои ги уредил Џорџ Р. Р. Мартин. Тарнер ја играла Џин Греј во научно-фантастичниот филм Икс-мен: Апокалипса, кој бил издаден во мај 2016 година.[7] На 9 мај 2016 година, било објавено дека таа ќе се појави во дел од антологискиот филм Берлин, те сакам, кое е четврто продолжение на франшизата Градови на љубов.[8] Филмографија![]() Филм
Телевизија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia