Сојуз на МакедонцитеСојузот на Македонците (старогрчки: Κοινὸν τῶν Μακεδόνων, Коинон тон Македонон) ― конфедеративно организирана комонвелтска установа (регионална држава или коинон[1]) која се состоела од сите македонски заедници обединети околу еден владетел.[2] Може да се спореди со Сојузот на Молосите, но се чини дека македонскиот сојуз имал многу помала моќ од оној на Молосите.[2] Главен град или седиште на македонскиот сојуз бил градот Бероја.[3] ИсторијаИ нумизматичките и натписните докази сведочат за постоењето на македонскиот сојуз пред и по римското освојување на Македонија.[4] Ковањето монети во името на „Македонците“ (т.е. ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ) било во постојано производство од времето на владеењето на Филип V (вл. 238–179 п.н.е.) и на Персеј (вл. 212–166 п.н.е.) до римскиот период.[4] Таа била преорганизирана во времето на раната Римска Империја и претворена во установа поврзана со императорскиот култ како што се случило со сите сојузи од тој период.[4] Сојузот, управуван од членовите на месната елита, организирал и финансирал игри и фестивали и биле доделувани со римско државјанство. Користејќи ги традиционалните етнички симболи прикажани на неговите монети, како што се македонскиот штит и крилестиот гром, сојузот го зачувал чувството за македонски граѓански идентитет во провинцијата до крајот на II век од нашата ера.[4] Последното потврдување на лице „етнички“ идентификувано како Македонец е датирано во почетокот на IV век од нашата ера.[5] ПоврзаноНаводиЦитати
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia