Сперматозоид![]() Сперматозоид — машкиот гамет (машка полова клетка). Добивање на сперматозоидСперматозоидите се добиваат преку повеќе последователни делби на клетките. Добивањето на сперматозоидите започнува со митоза I на герминативниот епител од кој се добиваат сперматогонии. Добиените сперматогонии се диплоидни, со следната митоза II се добиваат примарни сперматоцити кои исто така се диплоидни. Примарните сперматоцити се делат со мејоза I и од нив се добиваат секундарни сперматоцити кои се хаплоидни,тие сперматоцити потоа се делат со мејоза II од кои се добиваат сперматиди. Добиените сперматиди се делат преку процесот спермиогенеза од кои на крај се добиваат сперматозоиди. Градба на сперматозоидотОд структурата на сперматозоидот може да се види јасно усогласување меѓу формата и функцијата. Сперматозоидот плива кон јајце-клетката, и со тоа е прилагодена и неговата градба.
АкрозомАкрозом е огранела која што се наоѓа во предниот дел на сперматозоидот и служи за негова интеракција до јајце-клетката за време на оплодувањето. Се создава од Голџиев апарат за време на спермогенезата кога сперматидите се претвораат во сперматозоиди. Хидролитички ензимиАкрозомот кај човекот содржи хидролитички ензими како што се:
За време на оплодувањето кога акрозомот ќе ја допре јајната клетка, доаѓа до акрозомска реакција во која овие ензими се излачуваат во процесот на егзоцитозата. Број и видови на хромозомиСперматозоидот содржи хаплоиден број хромозоми кои кај човекот изнесува 23.Постојат X и Y хромозоми, сперматозоидите можат да бидат:
Кај човекот сперматозоидите се тие кои го определуваат полот на детето. Јајце-клетките секогаш имаат X-хромозом па во зависност од тоа кој сперматозоид навлегува во јајце-клетката, се образуваат:
![]() Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia