Специфичен топлински капацитетСпецифичната топлина (c) го претставува количеството топлина потребна за зголемување на температурата на една единица маса од некое тело за една единица температура: Во SI специфичната топлина се изразува во единицата Ј/(kg·K). Специфичната топлина се користи како помошно средство во физичкиот закон на пропорционалноста, кој гласи: Промената на внатрешната енергија (ΔE) на телото е пропорционална на масата на телото (m) и промената на температурата (Δt). Или, искажано со математичка формула:
Овој закон важи под услов телото да не ја менува својата агрегатна состојба. Специфичната топлина на врстите тела и течностите е непроменлива величина зависна само од хемиската структура на телата и независна од нивниот облик и големина. Кај гасовите, пак, специфичната топлина зависи од видот на гасот, и затоа кога се зборува за специфичната топлина на гасовите се подразбираат стандардни услови (cv). Специфична топлина на некои телаОваа табела содржи податоци за специфичната топлина на некои хемиски елементи и соединенија:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia