Спиридон Гопчевиќ
Спиридон Гопчевиќ, со псевдоним Лео Бренер (српски: Спиридон Гопчевић; 9 јули 1855 – 1928) бил српски историчар, астроном, воен известувач, полиглот и писател. Биографија![]() Спиридон Гопчевиќ, Стара Србија и Македонија, 1890 Како доброволец бил учесник во Херцеговското востание (1875) и во Црногорско-турската војна (1876), а потоа стапил во српска дипломатска служба како аташе во Берлин (1886-1887) и во Виена (1887-1890). Автор е на повеќе публицистички дела од современата балканска историја, се занимавал со астрономија (од 1893), пишувал романи, драми, новели и песни. Како историчар и публицист, објавил голем број дела на германски јазик, но поради недостигот на соодветно стручно образование, нема критички метод во истражувањето и тие биле сфаќани како израз на големосрпската пропаганда. Во недостигна други изворни материјали, неговите книги на времето биле користени како историски извор и за етнографијата на Македонија. Во негова чест, еден кратер на Месечинатa е наречен Бренер. |
Portal di Ensiklopedia Dunia