Спознание![]() Спознание или когнитивност (лат. congnosco - познание, изучување, осознавање) во науката означува група на умствени процеси како што се внимание, паметење, создавање и разбирање на јазик, учење, расудување, решавање на проблеми и одлучување. Различни дисциплини како психологија, филозофија, лингвистика, наука и компјутерска наука го изучуваат спознанието. Меѓутоа, поимот различно се употребува во овие дисциплини; така на пример, во психологијата и когнитивната наука, „спознание“ најчесто се однесува на информационо-обработувачко гледиште на психолошките функции на дадена единка. Исто така се користи во една гранка на социјалната психологија позната како општествено спознание за објаснување на ставовите, припишувањата и динамиката на групите.[1] Спознанието е факултет за обработка на информациите, примена на знаењето и менување на приоритетите. Спознанието или спознајните процеси можат да бидат природни или вештачки, свесни или несвесни. Овие процеси се анализираат од различни перспективи во рамките на различни контексти, особено во полето на лингвистиката, анестезијата, неврологијата и психијатријата, филозофијата, антропологијата, системиката, комјутерската наука и симболот на верата. Во психологијата и филозофијата, концептот на спознание е тесно поврзан со апстрактните концепти како ум, интелигенција. Теорија на Пјаже за развитокот на спознаниетоЖан Пјаже бил една од најважните и највлијателни личности во полето на развојната психологија. Тој верувал дека луѓето се единствени во споредба со животните поради тоа што ние ја имаме способноста да правиме „апстрактно симболично расудување“. Неговата работа се споредува со онаа на Лав Виготски, Зигмунд Фројд и Ерик Ериксон кои биле исто така големи придонесувачи во полето на развојната психологија. Денес Пјаже е познат по проучувањето на развитокот на спознанието кај децата. Тој ги проучувал сопствените три деца и нивниот интелектуален развиток и излегол со теорија која ги опишува стадиумите што децата ги минуваат за време на развитокот.[2][3]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia