Споменик на културата на Албанија![]() Во Албанија, споменик на културата ( албански: monument kulture) — градба или дело од културна, историска и уметничка вредност што се гради на видлив простор, направено во спомен на значајни настани или истакнати личности. Спомениците на културата обично се под заштита на државата бидејќи се доказ за историјата на човековиот развој, за чие зачувување постои јавен интерес.[1][2] ДефиницијаЗаконот бр.9048 од 04.07.2003 година, со наслов „За културно наследство“ го опишува споменикот на културата како објект или градба со историско-културна вредност што е заштитен од државата. Спомениците на културата се класифицирани во две категории:[3] Категорија IСпомениците на културата од прва категорија се објекти од значајна вредност и значење за културното наследство. Тие се зачувани во рамнотежата на нивните архитектонски и технички компоненти. Волуменската композиција, архитектонскиот третман на надворешните и внатрешните погледи, како и планиметриското и функционалното решение на овие споменици не може да се менуваат. Новите згради во нивна близина мора да ги почитуваат растојанијата на заштитениот околен простор. Категорија IIСпомениците на културата од втора категорија се објекти со значителна вредност, главно по својот надворешен изглед. Тие се зачувани во нивниот волумен и изглед. Двете категории се прогласени од Министерството за култура. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia