Спомен-куќа на Татарчеви
Спомен-куќата на Татарчеви или Спомен-куќата на Христо Татарчев — спомен-куќа во Ресен, роден дом на револуционерот Христо Татарчев. Оваа спомен-куќа е прогласена за споменик на културата и е заштитена со закон. Таа е под јурисдикција на Заводот и музеј - Битола. Градбата е со површина од 280 м2 и во него се наоѓаат изворни предмети од куќата на семејството Татарчеви од крајот на 19 и почеток на 20 век, а исто така е изложена и музејска поставка која содржи предмети, осум восочни фигури и сликарски композиции.[1][2] ИсторијаКако дом на ТатарчевиХристо Татарчев (1869-1952) е роден во куќата, и како лекар по занимање, во неа имал ординација. На 15 август 1984 година (стар стил; 28 август нов стил) бил одржано т.н. Ресенско советување на МРО.[3] Како спомен-куќаГрадбата во 2004 година била урната.[3] Во мај 2014 година, Министерството за култура го најавило градењето на спомен-куќата. Надлежен за изградбата бил Заводот и музеј - Битола.[3] На 4 април 2016 година, била отворена новата градба.[1] Изложбен материјалМузејот има свилени експонати кои се помал дел од над 70 архивски материјали. Дел од материјалите се оригинали стари повеќе од еден век, а има и фотокопии на хартија. Има факсимили од Татарчев, писма, разгледници, телеграми. Меѓу нив е и првата страница од докторската дисертација на Христо Татарчев и неговиот животопис кој бил објавен на последната страница од трудот. Изложени се и дописни картички што ги праќал до неговото семејство од Торино, Италија. Зачувана е и изворната заклетва на Организацијата. Таму се сместени восочни фигури од осум револуционери: Христо Татарчев, Дамјан Груев, Анастас Лозанчев, Атанас Мурџев, Георги Пешков, Трајко Китанчев, Андреј Љапчев и Симеон Радев.[4] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia