Спортско качување
Спортското качување е поделено на два дела и тоа спортско качување по природни карпи и спортско качување по вештачки карпи. Качувањето по природни карпи се одвива преку курсеви и е достапно за секој оној кој има желба за спортско качување. Целта на спортското качување е да се достигне максималната тежина во качувањето. Поради тоа насоките во карпата си имаат свое име и тежина. Впрочем и спортското качување настанува и се одвојува од алпинизмот, за да може исклучиво да се занимава со качување на карпа и да го достигне тежинскиот максимум. Со иновирањето на вештачките карпи, чија цел е да се изведува поинтензивен редовен тренинг, како зиме така и лете, доаѓа до организирање на натпреварите во спортско качување. Денес натпреварите се на професинално ниво и веќе со Олимпијадата во Атина 2004 година, спортското качување ќе стане олимписка дисциплина. Натпреварите во спортско качување на вештачки карпи меѓу себе се делат на три групи. Тоа се:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia