СпутумСпутум (или експекторат, колоквијално наречен и како шлајм) претставува секретот (слузта) на слузницата на респираторниот помешана со клетки која се исфрла од белите дробови со искашлување. Клетките во спутумот, можат со помош на цитолошко испитување да диференцираат (разликуваат) во бели крвни зрнца, епителни клетки, а во случај на бронхијален карцином и како малигни клетки. Покрај тоа, спутумот може да содржи и плунка, остатоци од храна, прашина, честички од чад, патогени, гној и крв. Спутумот може да се користи за откривање и испитување на болести, особено бронхијални и белодробни заболувања, како што се пневмонија, акутен бронхитис или егзацербација (влошување) на хроничен бронхитис или за дијагностицирање на туберкулоза и тумори на долниот респираторен тракт. Земање примерок за испитувања на спутумотСобирањето на утринскиот спутум од пациентот е помалку стресно за него, но лесно може да доведе до контаминација со бактерии од назофаринксот. ДијагнозаБојата на спутумот дава индиции за можните причини:
Овие изјави не треба да се пренагласуваат.[1] На пример, во една студија со пациенти кои страдаат од акутен бронхитис, беше откриено дека во само 22 од 136 случаи на жолт или зелен спутум можат да се детектираат бактериски патогени. При силна кашлица со текот на времето се оштетува бронхијалната слузница и нормално е да има неколку мали „линии“ крв во спутумот. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia