Средишница. Комбинација
Средишница. Комбинација е шаховска книга, дел од творештвото на познатиот руски меѓународен мајстор и автор на шаховска литература Петар Романовски. Книгата е напишана во 1963 и претставува продолжение на делото Средишница. План. Во неа се коментирани и анализирани избрани шаховски партии од повеќе перидои од развојот на шаховската игра, како и извадоци од партии кои содржат поучни комбинации и техники на игра од среидшницата. Во ова дело, вниманието е обрнето на комбинацијата, нејзината улога во текот на играта и нејзиното спроведување. Книгата е напишана на руски јазик. СодржинаКако што гласи и насловот на делото, така и неговата содржина се темели врз улогата на комбинацијата во патот кон победата и значењето на средишницата во одредувањето на карактерот на завршницата. Врз основа на ова, авторот преку анализа и коментар на поучни партии и извадоци успеал на читателот да му ја долови основната тема во 13 глави:
Стил на пишувањеСодржината на делото „Средишница. Комбинација“ односно секоја глава пооделно е исполнета со писмена анализа и коментар на високо ниво, а промените во партијата или извадокот којшто е предмет на анализа се претставени на соодветни дијаграми по неколку одиграни потези. ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia