Средноевропска Низина![]() Средноевропска Низина (наречена и Северноевропска Низина) — геоморфолошки регион во Европа, и тоа претежно во Полска, Данска, Германија, Белгија, и Холандија (Ниските Земји), со мали делови во северна Франција и Чешка. Сочинет е од ниските рамници помеѓу подрачјата со херцинска орогенеза на југ и брегот на Северното и Балтичкото Море на север, одвоени од полуостровот Јитланд во Данска. Оваа низина е поврзана со Источноевропската Низина, заедно образувајќи ја големата Европска Низина. ГеографијаНизината има надморска височина од 0 до 200 м. Во најголем дел се состои од обработливи површини, но има и тресетишта, вресишта и езера. На северноморскиот брег се среќава пространото плимно подрачје Ваденско Море. На балтичкиот брег се слатководните лагуни — Шчеќинскиот, Висланскиот и Курскиот Залив. МестоположбаСредноевропската Низина ги опфаќа Фландрија (северна Белгија и северна Франција), Холандија, Северна Германија, Данска и најголемиот дел од средишно-западна Полска; во мали делови навлегува во Чешка[1] и југозападна Шведска. Во оваа смисла може да се нарече и Северноевропска Низина. Некои сметаат дека низината опфаќа и делови од Источна Англија поради нејзиниот низински карактер и нејзината поврзаност со континентот во текот на последното ледено време. Северноевропската Низина се протега и по дното на Балтикот. РекиНајкрупни реки кои се одводнуваат во низината се Рајна, Емс, Везер, Елба, Одра и Висла. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia