Средношколски мјузикл 3: Сениорска година
Средношколски мјузикл 3: Сениорска година (англиски: High School Musical 3: Senior Year) е третото продолжение од серијалот Средношколски Мјузикл на Disney. Премиерно во САД се прикажуваше на 24 октомври 2008 год. Кени Ортега се враќа како режисер и кореограф, исто и шестте главни глумци. Во ова продолжение, двата протагониста, Трој и Габриела се соочуваат со фактот дека ќе се разделат на крајот на годината и кога ќе треба да одат на различни факултети. Трој и Габриела заедно со останатите јунаци се соочуваат со сите нивни стравови, надежи и планови за нивната иднина. Во првите три дена, Средношколски мјузикл 3: Сениорска година доби 42 милиони долари во Средна Америка и додатни 40 милиони на другите места, што го преминува рекордот за најголем викенд на прикажување мјузикл.[1] СинопсисФилмот започнува за време на натпреварот меѓу Wildcats и West High Knights, каде капитенот на тимот Трој (Зек Ефрон), го потикнува тимот и го буди нивниот натпреварувачки дух (Now or Never) и ги води до победа. Подоцна, на забавата кај Трој по мечот, Трој и Габриела (Ванеса Хаџенс) си размислуваат за нивната иднина и посакуваат да последните неколку месеци што им преостануваат во East High да не завршат толку бргу (Right Here, Right Now). Во меѓувреме, Шарпеј (Ешли Тисдел) ја запознава Тиара Голд (Џема МекКензи Браун), британска ученичка на замена која таа ја „вработува“ како нејзина асистентка. Професорката по драма г-ѓа. Дарбус (Алисон Рид) забележува дека бидејќи има многу малку пријавени за пролетниот мјузикл, Шарпеј може да изведе соло шоу. Ова ја вознемирува Келси (Олесиа Рулин), која го пишува шоуто и веднаш ги пријавува сите останати ученици од одделението. Ова се резултира кај г-ѓа. Дарбус да реши да направи шоу за нивните последни поминати месеци во East High. За време на аудицијата открива дека Шарпеј, Рајан (Лукас Габрел), Келси и Трој размислуваат за стипендија на Julliard, но само еден од нив ќе биде одбран. Шарпеј станува очајна да ја добие стипендијата и знаејќи дека Келси ќе им ги даде најдобрите песни за мјузиклот на Трој и Габриела, таа го тера на Рајан да се спријатели со Келси и да ја земе песната (I Want It All). Следниот ден, Габриела и Трој се сретнуваат на покривот и Габриела го учи валцер (Can I Have This Dance). Чед (Корбин Блу) тогаш ја прашува Тејлор (Моник Колман) да оди на матурската со него. Таа всушност го одбива поради неговиот ентузијазам, но подоцна прифаќа кога Чед и докажува дека може да се потруди и да ја покани повторно пред пола училиште. Групата вежба за мјузиклот, сцена поврзана со нивната матурска (A Night to Remember). Меѓувреме, Рајан ја прекинува Келси додека таа композира (Just Wanna Be with You) и ја пее песната заедно со неа, а потоа и ја поканува на матурската. Додека Трој и Чед размислуваат за нивното детство (The Boys Are Back), Шарпеј и Тиара дознаваат дека е можно да Габриела оди на факултет порано. Шарпеј подоцна скришно и злобно му се приближува на Трој и му кажува дека тој е единственото нешто што и стои на патот на Габриела во остварувањето на нејзиниот сон. Трој разговара за ова со Габриела јадејќи пица и откако споделуваат незгоден поздрав, Габриела (Walk Away) заминува за факултет следниот ден. Татко му на Трој, Џек (Барт Џонсон), зборува со него за неговата иднина. Трој станува лут, збунет и бега и вреска насекаде околу East High (Scream). Музички нумери
Глумечка екипа
|
Portal di Ensiklopedia Dunia