Средоземни игри
Средоземни игри (или Медитерански игри) — меѓународно спортско натпреварување, кое се одржува на секои четири години. Земјите-учеснички мора да бидат дел од средоземната цивилизација. Овој настан го предложил Мохамед Тахер-паша, кој бил претседател на Олимпискиот комитет на Египет за време на Летните олимписки игри 1948. Првите Средоземни игри се одржале во 1951 г. во Александрија, еден од најголемите градови на Египет. Првите 10 игри се одржувале една година пред Олимписките игри, но во 1991 било одлучено игрите да се одржуваат една година по Олимписките игри. Македонија за првпат почнала да учествува на XVII Средоземни игри во Мерсин, 2013 г. Историја на Средоземните игриПрвите Средоземни игриПрвите Средоземни игри се одржале во месец октомври во 1951 г. во Александрија, во чест на Мохамед Тахер-паша, кој ја изнел идејата за овој настан. На настанот учествувале 734 спортисти од 10 земји, кои настапиле во 13 спортови. Веќе на вторите игри, кои се одржале во 1955 г. Во Барселона е основано контролно тело, кое ги надгледува натпреварувачите во сите натпревари и врши анти-допинг контрола. На 16 јуни 1961 г., ова тело го добило своето официјално име: Службен одбор на Средоземните игри (француски: Comité International des Jeux Méditerranéens). Врховно телоСредоземните игри, како спортски настан кој се одржува секои четири години има углед на најголем спортски настан околу Средоземното Море. Настанот предизвикува голем интерес кај земји од три континенти: Европа, Африка и Азија. Специфичноста на овие игри е способноста на малите земји да освојат медал. Нема ниту една држава, чиј претставник не освоил барем еден медал, па дури и држави како Либан и Сан Марино освоиле медал. Покрај спортот, идеологијата на овој настан се заснова и на создавање на можност за мирна и праведна соработка на спортистите од трите континенти. Игрите се одржуваат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, но за нивното одржување е одговорен Грчкиот олимписки комитет. Седиштето на Одборот на Средоземните игри се наоѓа во Атина, а секретарот мора да биде Грк. Обврските, кои Грција ги има како еден од главните организатори на Средоземните игри се исполнува и со напорите на Владата на Грција, која инвестира во развојот на игрите. Одлики на Средоземните игриЛогоОфицијалното лого на Средоземните игри, кои се нарекуваат Средоземни олимписки игри се состои од три круга, кои ги симболизираат трите континенти, чии земји се натпреваруваат. Круговите се одржуваат во сината позадина, која го симболизира морето површина сино. За време на церемонијата на затворање на игрите, знамето се предава на претставник од земјата-домаќин на следните Средоземни игри. Земји-учеснички![]() На игрите тековно учествуваат вкупно 26 земји:[1]
Единствена земја, чие уество ѝ е дозволено, а не учествува е Израел. Иако географски не припаѓаат на Средоземјето, некои земји како на пример Македонија, Португалија, Србија, Андора и Сан Марино, кои веќе учествуваат може да влијае на игрите да учествуваат и некои арапски земји. Градови-домаќини
Застапени на спортовиНа игрите затапени се вкупно 33 спортови.
За учество на жени било одлучено уште во 1959, но за првпат учествувале во 1967 г. Освоени медали по земји
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia