Стана ЗафировскаСтана Георгиева Зафировска ( 1920 во Пелинце —) — учесник во НОВ на Македонија.[1] ЖивотописУчествувала во НОД од септемвои 1943 година. Нејзиниот дом бил постојано засолниште на партизаните од Козјачкиот крај. Честопати како курир пренесувала пошта од „Карпошовиот" партизански одред до Куманово и обратно. Во декември 1943 година учествувала во собирањето на материјали и нивното криење во селото добиени со падобрани од сојузничките авиони. Како доверливо лице во јануари 1944 година чувала тешко ранет партизан, заедно со санитетката Елица Георгиева - Звисла. Окупаторот ја открил и ја блокирал куќата, но Стана успеела да го спаси партизанот. Во мај 1944 година била примена за член на СКОЈ. Учествувала во агитирање и привлекување на женската селска младина од селото Пелинце за работа во НОД. На 5 август 1944 година стапила во единидите на НОВ во подвижната болница во селото Рамно како болничарка.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia