Станија Додева

Станија Додева ( 1914 во Горобинци — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Таа била симпатизер на НОД од 1941 година. Со доаѓањето на окупаторот веднаш се ставила на располагање на Партијата во родното село и учествувала во собирните акции на народна помош, чувала илегалци и пропаганден материјал. Собирала и носела храна на политичките затвореници. Во 1944 година помагала во подготвувањето и носењето на храна и облека за ранетите борци во партизанската болница во селото Преод.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1050.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya