Стапка (мерка)
![]() ![]() Стапка (англиски: foot, множ. feet; симб. ft, ст или ′)[1] е единица мерка за должина во разни системи како англиските, британските и американските мерни единици. Должината ѝ варира од систем до систем, но секоја е околу четвртина до третина метар. Денес најчсто се користи меѓународната стапка. Во 1 јард има 3 стапки, а во една стапка има 12 инча. Стапката е честа мерна единица во САД, Обединетото Кралство и Канада. Во САД и ОК личната висина се изразува во стапки и инчи. Во Канада пак, сè повеќе се употребуваат метри за висина, а стапки за растојание. Меѓународна стапкаВо 1958 во САД и земјите од Комонвелтот меѓународниот јард е дефиниран како 0,9144 метри. Така, меѓународната стапка се дефинира како еднаква на 0,3048 метри (еквивалент на 30,48 сантиметри). Стандардниот меѓународен симбол за стапка е „ft“ (погл. ISO 31-1, Прилог A). Во некои случаи се користи прим, кој е многу сличен на апостроф, а инчот со прим. на пример, 6 стапки 2 инча се пишува како 6′2″. Ова е збунувачко затоа што примот и двојниот прим се исто така симболи за лачни минути и лачни секунди. Американска геометарска стапкаВо САД геометарската стапка се дефинира како 1200/3937 метри. Се користи исклучиво за мерења на Американската крајбрежна и геодетска инспекција. Оваа стапка е поголема за 610 нанометри од меѓународната стапка. [1] ИсторијатСтапката како мерка се користела речиси во сите култури и се делела на 12 или понекогаш 10 инча/палца или на 16 прсти. Првата позната стандардна стапка постоела во Сумерија, каде е дефинирана на статуата на Гудеја од Лагаш околу 2575 п.н.е. Некои метролози сметаат дека стапката била прифатена и како египетска мерка во Стара Грција и дека токму од таму римјаните ја презеле својата стапка (која е поголема). Поврзано
Наводи
Надвцорешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia