Стара Планина
Стара Планина или Балкан (бугарски и српски: Стара планина; старогрчки Αίμος, Хемос; латински Haemus, Хемус) — планински венец во источниот дел на Балканскиот Полуостров, кој своето име го добил според неa. Таа се протега на запад од Источна Србија до Црното Море во Бугарија. Стара Планина се наоѓа по целата должина на територијата на Бугарија и ја дели, условно, на северна и јужна Бугарија. Највисок врв на Стара Планина е Ботев (2.376 м). Турското име „Балкан“ е извор на името за целиот Балкански Полуостров. На нејзината територија има многу природни паркови, заштитени места и еден национален парк. Таа е еден од најголемите центри на ендемски и реликтни видови.[1] Поради добро изградената материјална база, чистиот воздух и планински карактер, Стара Планина често е омилена цел за туризам. На неа има 81 планинарски дом. Географија, флора и фаунаГеолошки, Стара Планина е млада планина и е дел од Алпско-хималаискиот ланец кој се протега низ поголемиот дел на Европа и Азија. Таа може да се подели на два дела: на Главен старопланински венец и Предбалкан, кој постепено влегува во Дунавската Рамнина. На југ Стара Планина граничи со Подбалканските котлини - 11 котлини кои се протегаат од границата со Србија на запад па до Црното Море на исток. Старопланинскиот ланец се состои од околу 30 делови. Во поширока географска смисла планината се дели на три основни делови:
ВрвовиИзразитији врхови Старе планине су: ![]()
Често на Стара планина и се припојува и Видлич (1413 м н. в.) планински венец кој припаѓа на горно Понишавје, меѓутоа тоа не е потполно точно. Видлич претставува просторна антиклинала, која е навлака преку старопланинската зона, па затоа, и морфолошки и тектонски, претставува една засебна целина. Највисока точка на Стара планина во Србија е врвот Миџор со висина од 2169 м н. в, а најниска точка е на излазот од долината на Прлитскиот поток (132 м н. в.). Врвови во БугаријаВо Бугарија највисок е врвот Ботев (2376 м н. в.). Врвот Миџор (2169 м н. в.) се наоѓа на самата граница меѓу Србија и Бугарија, и на него е граничен камен.
ТуризамГалерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia