Старогрчки календарПостојат повеќе старогрчки календари, а во повеќето држави на Стара Грција започнувале помеѓу есента и зимата, освен атичкиот календар, кој започнувал во лето. Грците, уште во времето на Хомер, се чини дека биле запознаени со поделбата на годината на дванаесет месечеви месеци, но не се споменува вметнатиот месец или ден, со дванаесетте месеци од 354 дена.[1] Независно од поделбата на еден месец во денови, тој бил поделен на периоди според зголемувањето и намалувањето на Месечината. Така, првиот ден, или млада месечина, се викал Нуменија. Месецот во кој започнува годината, како и имињата на месеците, се разликувале меѓу државите, а во некои делови дури и немало имиња за месеците, бидејќи тие се разликувале само бројчено, односно биле нарекувани: први, втори, трети, четврти месец и сл. Од голема важност за реконструкцијата на регионалните грчки календари е календарот на Делфи, поради многубројните документи што се пронајдени таму, каде се запишувало ослободувањето на робовите, од кои многу се датирани според делфискиот, но и според регионалниот календар. Календари по региониМесеците од етолскиот календар ги презентирал Дакс (1932) врз основа на аргументите на Нитицки (1901) засновани врз синхронизми во документите за манумисија, односно ослободување на робовите, пронајдени на Делфи (датирани од 2 век п.н.е.).[2] Забележани се голем број локриски календари, но само од 2 век п.н.е. Озолискиот Локрис од практични причини, исто така, имал федерален календар кој едноставно ги набројувал месеците од еден до дванаесет. Првиот месец (Протос) одговарал на делфискиот Букатиос, а преостанатите месеци кореспондираат со редовната низа на делфиските месеци. Забележани се имиња на одделни месеци од локриските градови во Амфиса, Фискос, Ојантеја, Тритеја и Толофон.[3] Имиња на месеците во Античка Македонија:
Тесалискиот календар бил стандардизиран дури во римската ера. Претходно, сите полиси имале свои календари засновани врз нивните фестивали.[4] НаводиЛитература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia