Старословенци

Старите словенечки водачи Јанез Блејвеис и Ловро Томан во доцните 1860-ти.

Старословенци е термин што се користел за национално-конзервативна политичка група во Словенија од 1850-тите до 1870-тите години, кои се спротивставувале на радикалните национално-либерални „Млади Словенци“. Главни лидери на Старословенците биле Јанез Блејвеис, Ловро Томан, Лука Светец, Етбин Хенрик Коста и Андреј Ајншпилер.

Потекло

Во 1860-тите години, Словенечкото национално движење, кое имало широка политичка платформа базирана на националната еманципација на Словенците во Австриското Царство и признавање на јазичните права на словенечкиот јазик, се поделило на различни фракции. Разликите биле и идеолошки и тактички.

По почетокот на уставниот период во Австриското Царство, словенечките националисти се собрале под водство на умерено-конзервативниот и либерално-католичкиот уредник на весникот „Кметијске ин рокоделске новице“, Јанез Блејвеис. Блејвеис и неговите сојузници воделе политика на тактички сојузи со различни моќни групи во Австриското Царство, како што биле Римокатоличката црква, чешките федералисти на Франтишек Палацки и мал дел од крањската регионалистичка земјопоседничка аристократија. Од средината на 1860-тите години, група млади националистички активисти и интелектуалци, предводени од Фран Левстик и Јосип Стритар, ја предизвикувале оваа прагматична политика, барајќи порадикален пристап кој целосно би ги прифатил либералните идеи. По деценија од тензии меѓу двете фракции, дошло до разделба во 1872 година, кога Младословенците формирале своја политичка организација. Како последица, групата што останала лојална на старото раководство и традиционалните политики станала позната како Старословенци.

За разлика од Младословенците, кои биле критички настроени кон католичката хиерархија, Старословенците промовирале традиционални вредности, како што биле семејството, религијата и лојалноста кон династијата Хабсбург. Нивното мото било „Сè за верата, домот, царот!“.

Пропаѓање

До 1876 година, двете факции формирале тактички сојуз против австрискиот централизам и германскиот национализам, и двете ја поддржале владата на Тафе. Овој тактички сојуз меѓу конзервативците и либералите, кој исто така вклучувал значителна група радикали, бил познат како „Слога“ (словенечки: Слогаштво). Во средината на 1880-тите години, Слога била подложена на остра критика од новата генерација католички активисти, предводени од теологот Антон Махнич, и спонзорирана од дел од римокатоличката установа (особено кардиналот Јакоб Мисија). Старословенците се спротивставувале на овој нов тренд на политички католицизам, кој бил способен да ги мобилизира селските маси, и продолжиле да ѓи поддржуваат со по-традиционално разбирање на политиката.

Со смртта на поголемиот дел од лидерите на Старословенците во 1880-тите години, словенечкото конзервативно политичко движење било заменето со нов тип на политички конзервативизам, базирано првично на традиционалистички политички католицизам, а подоцна на христијанско-социјални и христијанско-социјалистички идеи. Формирањето на Католичката народна партија во 1892 година го означило крајот на политиката на „Слога“, оваа партија била базирана на сојуз меѓу Старословенците и Младословенците. Наместо тоа, се појавиле две спротивставени политички движења, „Клерикалците“ и „Либералите“. Многу од живите лидери на Старословенците, како Лука Светец, претпочитале да се приклучат на Народните либерали.

Личности

Најважните претставници на политичката струја на Старословенците биле:

  • Јанез Блејвеис
  • Ловро Томан
  • Андреј Ајншпилер
  • Етбин Хенрик Коста
  • Лука Светец
  • Јанез Весел
  • Даворин Трстенјак
  • Петер Козлер
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya