Стеван Којчинов
Стеван Цветков Којчинов ( 1924 во Чучер, Скопско — 9 ноември 1944 во Качаничка Клисура, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2] ![]() ЖивотописОсновно училиште завршил во родното село. Уште пред да и пристапи на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со своите соселани се борел против балистичките банди што доаѓале во неговото село да го ограбуваат.[1] Со доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, меѓу првите стапил во нејзините редови и учествувал во секојдневните борби против балистите. Учествувал во борбите и против германските моторизирани колони, кои од Грција се повлекувале по Качаничката Клисура. Во една борба против балистите, на 9 ноември 1944 година, храбро загинал кај Глушка Каменица. Бил закопан во своето родно село, Чучер.[1][2] Поврзано
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia