Стенска тврдина
Стенска тврдина (грчки: Κάστρο Κτένι) — средновековна тврдина чии остатоци се наоѓаат над селото Стени, Кожанско, Егејска Македонија.[1] МестоположбаТврдината е сместена на рид западно од селото. Ридот зафаќа површина од 45 ха[1] ОписНе е познато кога е изградена тврдината. Наодите укажуваат на постојана населеност на ова место од доцното доцнобронзеното време до скорешни времиња. Пронајдени се бедеми, ѕидови, улици, темели од куќи, цистерни, водовод и други наоди, денес изложени во археолошкиот музеј во Калјани.[2] Денес овие наоди се помалку видливи за посетителите, но тие биле присутни во XIX век, за што сведочи историчарот Ѓорѓи Димзо од Охрид (1829 - 1903) во своето дело „Античка географија на Македонија“. Веројатно е дека доста камења се однесени од населението за свои потреби, притоа наполно уништувајќи ја тврдината.[1] Во 1649 г. населението на Стени нашло прибежиште во тврдината при напад на албанска банда, но бандата ја ставила под тримесечна опсада и успеала да ја заземе.[1] Во 2012 г. наоѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia