Стерјо Спасе
Стерјо Спасе (албански: Sterjo Spasse; Глобочани, 1914 - во Тирана) се вбројува меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература. Воедно, тој е еден од најуспешните писатели од македонско потекло.[1] Стерјо Спасе е татко на Илинден Спасе, македонски и албански писател. ЖивотописСтерјо Спасе е роден во 1914 година во Глобочани, денес Општина Пустец, Мала Преспа, Албанија. Своето образование го започнал во основно училиште во Корча (Горица) и го продолжил во Елбасан. Спасе работел како наставник во Дервичане во близина на Ѓирокастро, а подоцна отишол на Универзитетот во Фиренца во Италија да студира педагогија. Стерјо Спапсе завршил магистратура во СССР. По Втората светска војна тој работел како книжевен критичар и пишувал за списанијата „Ново училиште“ и „Популарно образование“. Стерјо Спасе исто така пишувал и за списанијата „Наша литература“ и „Ноември“. Стерјо Спасе биле член на Албанската лига на писатели и уметници.[2] Спасе умрел во Тирана во 1989. Тој својата писателска кариера ја започнал кога предавал како наставник во селското училиште во Дервичане во близина на Ѓирокастро на 18 годишна возраст. Во 1935 година ја напишал својата најпозната книга „Зошто?“ или позната под целосниот наслов „Од живот за живот - зошто?“. Романот „Зошто?“ е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична дилема на еден млад интелектуалец во рурално место. ТворештвоРоманиПозначајни романи на Спасе се:
Кратки раскази
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia