Стефан Верковиќ
Стефан Верковиќ роден во село Угљара, на босанскиот брег на Сава, на 5 март 1821 година. Умрел 30 декември 1893 во Софија. Бил фолклорист, етнограф, нумизматичар и археолог. Познат по контроверзната „Веда Словена“. ЖивотописИмал тешко детство, без мајка. Учел во Фрањевачко калуѓерско училиште во Толиса, за свештеник. На 12 години се закалуѓерил во еден манастир на Сутјеска, каде останал 2 години. Калуѓерското име му било Илија (Елиас). Во 1837 година се запишал на теолошки студии во Загреб, каде останал три години. Студиите не ги довршил, се отпишал. Во 1843 година заминал во Белград. Од 1850 до 1877 година шетал низ Македонија како пропагатор на српската влада во Македонија. Имал можност да се запознае со македонските интелектуалци од тоа време, на кои им носел српски и словенски книги и списанија. Собирал народни умотворби низ Македонија. Дела![]()
Првата збирка на македонски песни „Народне песме македонски Бугара“ ја издал во 1860 година во Белград, во 1500 примероци. Книгата содржела 335 песни собрани од Велес, Дебар, Крушево и Сер. Песните биле претежно лирски (женски) песни, кои ги поделил на два дела по девет групи. На собраните песни не им пишал ни име, место или време кога и од кого се чуени. Песните се полни со јазични грешки, но и правописни грешки. „Веда Словена“[1] е книга која ја издал во два тома, првиот том во Белград во 1874 година, а вториот во Петербург во 1881 година. Ова дело содржи околу 30 илјади стихови. Верковиќ тврдел дека првата од ведите ја добил на 23 август 1865 година. Тоа биле фалсификувани македонски веди, за кои тој бил измамен, иако останува отворено прашањето дали соработувал и самиот со измамникот. Имал материјал и за трета книга. По неговата смрт се објавени:
Литература
Белешки
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia