Стивен СтамкосСтивен Стамкос (англиски: Steven Stamkos; Маркам, 7 февруари 1990) — канадски играч на хокеј со македонско потекло, кој моментално игра во Тампа Беј Лајтнингс. Игра на позицијата центар. КариераСтамкос е избран за играч на годината во 2008 година од страна на Тампа Беј Лајтнингс. Со овој клуб потпиша тригодишен договор. Иако на почетокот беше критикуван дека игра лошо, сепак сезоната ја заврши многу успешно со 19 бода во 20 натпревари. Во сезоната 2009/10 му беше доделена награда за најголем број постигнати голови заедно со играчот на Питсбург Пингвинс, Сидни Крозби. Постигна 51 погодок и беше најмладиот играч кој го освои овој подвиг. Помлади беа само Вејн Грецки и Џими Карсон. Стивен Стамкос на 19 јули 2011 година потпиша петгодишен договор со Тампа вредан 37,5 милиони долари. Рекорди
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia