Стив РедгрејвСер Стивен Гофри Редгрејв (23 март 1962 во Марелоу) е Британски веслач кој освои 5 златни медали на Олимписките игри од 1984 до 2000, а покрај златните на Летните олимписки игри - 1988 одржани во Сеул освоил и бронзен медал. Со својот фантастичен подвиг, Редгрејв се смета дека е можеби и најголемиот британски олимпиец досега. Неговите достигнувања ги постагнале и Пал Ковач, Аладар Геревич и Бригит Фишер (Геревич и Фишер освоиле 6 златни медали на 6 различни Летни олимписки игри). Редгрејв исто така освоил 9 златни медали на Светските првенства. Стив Редгрејв се оженил со Ан Калавеј во 1988. Ан исто така е спортистка во веслае која се натпреварувала во женскиот осмосед на Велика Британија на Летните олимписки игри - 1984 одржани во Лос Анџелес. Таа исто така била и шеф на медицинскиот тим на Велика Британија од 1992 - 2001. Веслачка кариераРедгрејв е веслач со висина од 1m 95 cm и маса од околу 100 кг (кога е во полна натпреварувачка форма). Неговата форма била секогаш на врвно ниво, а тоа го покажувал и веслачкиот ергометар. Обично се натпреварувал во дисциплини со помош на секој веслач со едно весло, а најдобри резултати постигнал во двојка и четворка без кормилар, а со тек на време тоа го има сторено со различни партнери што го докажува неговиот квалитет. Главна одлика на тимот на Редгрејв била стабилноста и добрата физичка подготвеност, со која се одликувале и конкурентите. Редгрејв не победувал со леснотија, напротив тој имал многу возбудливи и неизвесни трки до самата целна линија. На првите две победи на Олимписките игри, Редгрејв го освоил златото со предност помала од 2 секунди, но со тек на време неговата фаворизираност растела и тој успеал во најголем број случаи да испадне како победник. Во 1997 година, во телото на Редгрејв е дијагнозиран дијабетис, па во последните години од својата кариера, тј мораше да внимава на својата исхрана пред настапите, а и во секојдневниот живот. Олимписки игри
Светски првенства
Јуниорски светски првенства
|
Portal di Ensiklopedia Dunia