Стилијанос Венетидис
Стилијанос Венетидис (грчки: Στέλιος Βενετίδης) (роден на 19 ноември 1976) — поранешен грчки фудбалер, кој играл на позицијата лев бек. КариераВо текот на својата кариера, Венетидис најмногу бил запомнет по периодот додека настапувал за Олимпијакос со кој освоил четири титули Првак на Грција и два купа, а исто така играл и во натпреварите од Лигата на шампионите. Покрај Олимпијакос настапувал уште за екипите на Орестис, Ксанти, Паок и Лариса. Кариерата ја завршил во мај 2012 година, на возраст од 35. Тој е поранешен Грчки репрезентативец во периодот 1999-2004 има одиграно 42 натпревари за репрезентацијата. Венетидис исто така беше дел од репрезентацијата која победи на Европското првенство 2004. Играл на 3 натпревари, два во групната фаза и последните 15 минути од финалето. ЗаслугиПАОК
Олимпијакос
Лариса
Фудбалска репрезентација на Грција
|
Portal di Ensiklopedia Dunia