Стојан Герасимов ВасилевСтојан Герасимов Василев — роден на 10 септември 1948 година во село Клуч, Пиринска Македонија, Бугарија. 1965 година, во село Клуч биле убиени две момчиња поради нивното македонско етничко чувство[1]. Во наредните протести од страна на селаните учествувал и тогаш 17 годишниот Стојан. Вознемирен од неправдата започнал да пишува и растура летоци против бугарската влада во Петричката околија. Осомничен е од бугарската народна милиција и двапати испрашуван во полициската станица, но останал неразоткриен. Уапсен е при обид да укредне машина за пишување „0ПТИМА“ од медицинскиот пункт во село Скрт, заедно со Крум Тимов и Славчо Николов, и осуден на 5 месеци затвор. 1975 година, заедно со Илија Тевилов се уапсени и осудени на 1,5 години затвор, заради тоа што ги напуштиле населените место каде биле распоредени од милицијата. Потоа е интерниран во село Крстец. И по излегувањето од затворот Државна безбедност (ДС) продолжила да го следи поради неговиот нескршлив македонски национализам.[2] По падот на комунизмот наново зел учество во борбите за човековите права на македонското малцинство во Бугарија и станал активен припадник на организацијата ОМО Илинден, а потоа и на партијата ОМО Илинден - Пирин. Во 1993 година му е признаено правото на борец против комунизмот, но Министерството на правосудството одбива да му исплати пензија поради неговото отворено изјаснување дека е Македонец. Стојан Василев е еден од основачите на Сојузот на репресираните Македонци во Бугарија, чиј обид за регистрација е одбиен од Благоевградскиот окружен суд.[3]. Оваа позната практика на бугарските судови не го обесхрабрува и тој продолжува да се бори за правата на репресираните Македонци во Бугарија [4] Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia