Стојна Димовска

Стојна Милошева Димовска ( 1917 во Свети Николе — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Со почнувањето на вооруженото востание својот дом го ставила на располагање на партиската организација и во него се одржувале состаноци на партиски ќелии и Месниот Комитет. Изработувала топла облека за борците во НОВ и ПОМ и собирала народна помош. Есента 1944 година била вклучена во организирањето на масово-политичките организации и била избрана за член на Одборот на АФЖ за Свети Николе.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1048.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya