Стражица
Стражица (бугарски: Стражица) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Стражица во Великотрновската Област. Има население од околу 5.199 жители (2022).[1] Географија и местоположбаГрадот се наоѓа покрај Гољама Река, на 30 километри североисточно од регионалниот центар Велико Трново. Во Стражица има железничка станица по главната железничката линија Софија - Варна и патни врски со градовите Горна Орјаховица, Велико Трново и Попово. ИсторијаПовеќето средновековни населби во областа на денешниот град Стражица биле напуштени или уништени за време на османлиската инвазија од крајот на 14 век. Дел од археолошките материјали откриени случајно или при ископувања се претставени во Изложбената сала во градот. До 1883 година селото се викало Кадиќој. Просветното дело во Стражица започналo со отворањето на првото ќелијно училиште во 1843 година, кое се наоѓало во дворот на црквата „Света Богородица“. Во 1865 година, било основано новото училиште од Сава Статев. Десет години подоцна, на местото на малата зграда била изградена нова зграда на Заедничкото училиште, во која децата се учеле до 1891 година. Земјотресот од 1986 годинаНа 7 декември 1986 година Стражица беше погодена од разорен земјотрес кој ги преврте животите на жителите на градот и околните села. На подрачјето на Стражица се предизвикани големи разурнувања, а во трагедијата загинаа 2 лица. Како последица на земјотресот уништени се повеќе од 150 згради.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia