Стјуартска династија
Династија Стјуарт била шкотска династија, а подоцна и англиска и ирска, која успеала да ги спои сите династии под името на британската кралска династија. На шкотскиот престол застанале во 1371 година, кога круната на Шкотите била наследена од страна на Роберт II од Шкотска. Во времето на Мери I Стјуарт, се очекувало династијата да не остави наследник. Сепак таа од бракот со Хенри Стјуарт родила син, наредниот крал Јаков VI. Во 1603 година починела Елизабета I од Англија, која не оставила никакви директни наследници. Таа била последна кралица од Тјудорите. Нејзин најблизок роднина бил шкотскиот крал Јаков VI. Така, двете круни биле споени во една, кое го означило создавањето на Кралство Велика Британија. Последна кралица од оваа династија била Ана Стјуартска, по кое круната била пренесена на династија Хановер. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia