Сува клима![]() Сува клима или аридна клима — имаат регионите со сериозен недостаток на достапна вода, до степен што се попречува или спречува растот и развојот на растителниот и животинскиот свет. Регионите со сува клима претежно немаат вегетација и се нарекуваат ксерични или пустински. Повеќето вакви клими се протегаат по екваторот; овие региони вклучуваат делови од Африка, Азија, Јужна Америка, Северна Америка и Австралија. ПромениРаспределбата на сувата клима во голема мера е резултат на општата циркулација на атмосферата, која значително се менува со текот на времето преку климатските промени. На пример, зголемувањето на температурата за 1,5-2,1 отсто низ басенот на Нил во текот на следните 30-40 години би можело да ја промени климата на регионот од степска во сува клима, со што значително ќе се намали земјиштето кое може да се употребува во земјоделството. Дополнително, промените во користењето на земјиштето можат да ги зголемат барањата за вода на почвата и со тоа да ја зголемат застапеноста на сувата клима.[1] ПоврзаноНаводи
Користена литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia