Сувенир![]() Сувенир (француски: souvenir) е предмет кој се купува на патување за спомен[1] на одреден настан, место или лице. Сувенирите треба да носат посебна ознака за туристичките одредишта од каде што потекнуваат, автентичност и лесна препознатливост, како и да даваат една поширока слика за земјата, регионот или местото од каде потекнуваат. Бидејќи сувенирот е вистински доказ за таа средина, значи дека треба да е во неа произведен.[2] Основни одликиЦел на патувањето не е купување на сувенир, но помага што подолго да останат во сеќавање пријатните доживувања од тоа патување. Сувенирот треба да биде:
Предметите што служат како сувенири
Значење на сувениритеСувенирите имаат функција на задоволување на туристичките потреби, што влијае врз зголемувањето на туристичката потрошувачка и може да претставуваат значаен извор на приход за месните жители. Штетни сувенириСувенирите се штетни доколу туристите однест културно или природно богатство, ретки и загрозени животни, растенија, а понекогаш и „само“ одредени камења. Некои држави даваат високи казни за лов или намалување на заштитените типови, за тоа ги известуваат јавните медиуми, односно ги советуваат туристите да не купуваат или не земаат такви подароци, дури и кога не се работи за загрозени видови, со цел да се зачува природата, биоразновидноста или културното богатство.[7][8] Освен тоа некои сувенири, сами по себе, можат да бидат штетни, особено кога посетителите немаат доволно информации за она што сакаат да го земат со себе.[9][10][11]
Литература
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia