СудењеВо правото, судење е настан во кој страните во еден спор презентираат информации (во форма на докази) во формално опкружување, обично суд, пред судија, порота или некој друг назначен пронаоѓач на факт, за да се постигне решение за нивниот спор. Судење според пронаоѓачот на факт
Сослушувањата што се одржуваат пред управни тела може да имаат поголем број од одликите што ги има судење пред суд, но тие типично не се именуваат како судења. Второстепена постапка исто така генерално не се смета за судење, затоа што таква постапка вообичаено е ограничена на повторно разгледување на доказите презентирани пред првостепениот суд и не дозволува воведување на нови докази. Видови судење според видот на споротСудењата можат да бидат поделени и според видот на спорот што е во прашање. Кривично судењеКривичното судење е замислено да решава за обвиненија покренати од владата против лице обвинето за кривично дело. Во системите со прецедентно право, поголемиот број од обвинетите во кривична постапка имаат право на судење пред порота. Поради тоа што државата се обидува да ја употреби својата моќ за да го лиши обвинетиот од живот, слобода или имот, на обвинетите во кривичното судење им се дава поголема слобода да се бранат отколку на страните во граѓанска парница. Граѓанско судењеГраѓанско судење начелно се одржува за решавање на спор помеѓу приватни страни, (иако и владата може и да тужи како и да биде тужена во својство на граѓанин, во некои земји). Управно сослушување и судењеИако управните сослушувања вообичаено не се сметаат за судења, тие задржуваат многу елементи што можат да се најдат во “поформални“ судски опкружувања. Кога спорот оди во судско опкружување, се нарекува управно судење, за разгледување на управното сослушување, во зависност од судската надлежност. Видовите спорови што се разгледуваат во вакви сослушувања се управувани од управното право и дополнително од законот за граѓанско судење. Судење во областа на работната силаЗаконот за работна сила (исто така познат како закон за вработување) е збир на закони, управни одлуки и преседани што се однесуваат на законските права и ограничувања врз работниците и нивните организации. Како таков, тој влијае врз многу аспекти на односот меѓу синдикатите, работодавците и работниците. Во Канада, законите за вработување што се однесуваат на синдикално организираните работни места се разликуваат од оние што се однесуваат на конкретни поединци. Сепак, во поголемиот број земји не се прави таква разлика. Меѓутоа, има две широки категории на закон за работна сила. Прво, законот за работна сила што се однесува на колективот всушност се однесува на тројниот однос меѓу работникот, работодавецот и синдикатот. Второ, законот за работна сила што се однесува на поединецот се интересира за правата на работниците на работното место и оние што произлегуваат од договорот за работа. Работничкото движење имало важна улога во донесувањето закони што ги штителе правата на работната сила во 19 и 20 век. Правата на работната сила се составен дела од општествениот и економскиот развој од индустриската револуција. СудењеСудење како збор означува изречување на правдата од одредени лица и одредени критериуми.На некој судења казната е парична,на некој затворска,а на некој со опомена. Форма на судењетоИма два примарни системи за водење на судење:
Замислата е преку процес на аргументирање и контра-аргументирање, формално испрашување на обвинетиот и вкрстено испрашување, секоја страна да ја тестира искреноста, релевантноста и дали има доволно количество докази и аргументи презентирани од страна на спротивната страна. За да се зачува правичноста, постои претполагање на невиност, а товарот на докажување паѓа на обвинителството. Критичарите на системот тврдат дека желбата да се победи е поважна од потрагата по вистината. Покрај тоа, постои веројатност структурните нееднаквости да влијаат врз резултатите. Оние обвинети што имаат средства можат да си дозволат да платат подобри адвокати.
Првите знаци за судење датираат од раниот 18 век, ве молиме погледнете и Бесење. Поништени судски процесСудија може да го прекине судењето пред донесувањето на пресудата; правната терминологија ова го означува како поништен судски процес. Судија може да прогласи поништен судски процес поради:
Прогласување на поништен судски процес генерално значи дека судот мора да одржи повторно судење за истиот предмет. Значаен исклучок се прави во кривични случаи во Соединетите Американски Држави. Доколку судот погрешно прогласи поништен судски процес, или доколку лошото однесување на обвинителството го принудил обвинетиот да предложи поништување на судскиот процес, тогаш заштитата што ја дава Уставот на САД против двоен ризик забранува повторно судење; така што судското гонење мора да се прекине. Други видови судењаНекои други видови постапки за решавање конфликти исто така се изразени како судења. На пример, Уставот на Соединетите Американски Држави наложува дека, по отповикување на Претседателот, судија или некој друг федерален службеник од страна на Претставничкиот Дом, субјектот што се отповикува може да биде отстранет од функција само преку судење во Сенатот. Порано споровите често се решавале преку судење со мачење, при што страните требало да издржат физичко мачење за да ја докажат својата правина; или преку судење со борба, во кое победникот во физичката борба се сметал за праведен во својот случај. Судењето како тема во уметноста и во популарната култура
ПоврзаноУпатувањаСадакат Кадри, Судење: Историја, од О.Џ. Симпсон (Рендом Хаус-Random House, 2005г.) Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia