Судско вештачење
![]() Судското вештачење (во потесна смисла наречено „судска медицина“) или форензика опфаќа примена на широк спектар на науки и технологии за да се испитаат и да се воспостават фактите на интерес во врска со кривичниот или граѓанскиот закон." Во римско време, кривична пријава се доставувала пред група на јавни поединци во трибината. И личноста обвинета за криминал и обвинителот давале говори врз основа на нивните страни на приказната. Поединецот со најдобрите аргументи и испорака го решавале исходот на случајот. Ова потекло е извор на две модерни примени на зборот судски - како форма на правни докази и како категорија на јавна презентација. Во современата употреба, терминот "судски" наместо "судска наука" може да се смета за поточен затоа што терминот "судски" е ефикасен синоним за "законски" или "поврзан со судовите". Сепак, терминот е сега толку тесно поврзан со научната област што многу речници го вклучуваат значењето "криминолошки науки" со "судска наука". Во САД има над 12.000 техничари по судско вештачење, од 2011 година. ИсторијаАнтиката и средниот векНа античкиот свет му недостигало стандардизирани практики по судско вештачење, коишто им потпомогнале на криминалците во бегство. Кривичните истраги и судења се потпираа на принудни признанија и сведочења. Сепак античките извори содржат неколку техники кои ги наговестија концептите на науката на судското вештачење која е развиена векови подоцна, како што „еурека“ зборува за Архимед (287-212 п.н.е.). Експозето за Архимед кажува за тоа како тој измислил метод за определување на обемот на објект со неправилна форма. Според Витрувиј, вотивна круна за храмот била направена за кралот Херон II, којшто го снабдувал чистото злато за користење, и Архимед побарал да се утврди дали среброто било заменето од страна на нечесен златар. Архимед морал да го реши проблемот без да ја оштети круната, па тој не можел да ја стопи со цел да се пресмета густината. Првите пишани досиеја за користење на медицина и ентомологија за решавање на кривични случаи се припишува на книгата на Сји Јуен Лу (преведена како „Измивање на неправдите“) напишана во 1248 од кинескиот правник Сунг Це (1186-1249). Во едно од досиејата, случајот на еден човек убиен со срп бил решен од истражувач кој им наложил на сите да го донесат својот срп на едно место. (Тој сфатил дека во прашање е срп тестирајќи различни ножеви на трупови и споредувајќи ги со раната.) Муви, привлечени од мирисот на крв, на крајот се собрале на еден срп. Во контекст на ова, убиецот признал. Во книгата, исто така, нудат совети за тоа како да се направи разлика помеѓу давење (вода во белите дробови) и гушење (скршена вратна 'рскавица), заедно со другите докази од испитување на телата за да се утврди дали смртта била предизвикана од убиство, самоубиство или несреќен случај. Методи од целиот свет вклучуваат плунка и испитување на устата и јазикот за да се утврди невиност или вина. Во древната кинеска култура, понекогаш осомничените ги терале да ја наполнат устата со сув ориз и да го исплукаат надвор. Во античка култура од Блискиот Исток обвинетиот морал да лиже жешки метални прачки на кратко. И двата методи имале некаква основа бидејќи виновното лице ќе произведе помалку плунка и на тој начин има посува уста. Обвинетиот се сметал за виновен ако оризот му се лепел во устата или ако нивните јазици биле сериозно изгорени поради недостаток на плунка. Модерна историјаВо 16 век европски лекари во армијата почнаа да собираат информации за причината и начинот на смрт. Амброз Паре, хирург на француската армија, систематски ги проучувал ефектите на насилна смрт на внатрешните органи. Двајца италијански хирурзи, Фортунато Фиделис и Паоло Закија , се вградија во темелите на модерната патологија со проучувањето на промените кои се случуваат во структурата на телото како резултат на болест. Во доцниот 18 век, пишувања на оваа тема почнаа да се појавуваат. Тука спаѓаат “Расправа за судска медицина” и “Јавно здравство” од страна на францускиот лекар Фодере и “ Системот на полициската медицина” од страна на германски медицински стручњак Јохан Петер Франк. Во 1773 шведски хемичар Карл Вилхелм Шеле смислил начин за откривање на арсен оксид во трупови, иако само во големи количини. Оваа истрага била проширена, во 1806 година, од страна на германскиот хемичар Валентин Рос, кој научил да го открива отровот во ѕидовите на стомакот на жртвата, и од англиски хемичар Џејмс Марш, кој користел хемиски процеси за да потврди арсен како причина за смрт во судскиот процес за убиство во 1836. Двајца рани примери на англиската наука по судско вештачење во поединечни правни постапки покажуваат зголемување на употребата на логика и методи во кривичните истраги. Во 1784, во Ланкастер, Џон Томс беше суден и осуден за убиство на Едвард Кулшо со пиштол. Кога мртвото тело на Кулшо беше испитувано, затка од пиштол (згмечена хартија , користена за да се задржат прав и топки во цевката) биле најдени во раната на неговата глава и совршено одговарале со искинатиот весник пронајден во џебот на Томс. Во Ворик во 1816 година, еден работник на фарма бил суден и осуден за убиството на една млада слугинка. Таа била удавена во плиткиот базен и имала знаци од насилен напад. Полицијата пронашла траги и отпечаток од кадифени панталони со зашиено делче од ткаенина во влажната земја во близина на базенот. Имало, исто така расфрлани пченични зрна и плева. Панталоните на еден работник на фарма во близина кој имал пченица биле испитани и одговарале токму на отпечатокот во земјата во близина на базенот. Полицијата почнала да користи отпечатоци од прсти за докази кога Хуан Вучетиќ го решил убиството во Аргентина со отсекување на дел од вратата со крвави отпечатоци на неа. Подоцна во 20-от век неколку британски патолози, Бернард Спилсбери, Френсис Кемпс, Сиднеј Смит и Кит Симпсон први вовеле нови методи во судското вештачење во Велика Британија. Во 1909 Родолф Арчибалд Рајс го основал првото училиште за судско вештачење во светот: " Институт за судска Наука" на Универзитетот во Лозана (UNIL). Науката по судско вештачење е поттикната од голем број национални органи на судско вештачење, вклучувајќи ја Американската академија за криминалистички науки (основана 1948; издавачи на списанието за криминалистички науки), на канадското друштво на науката по судско вештачење (основана 1953; издавачи на весник на Канадското друштвото за судско вештачење), Британската академија за криминалистички науки (основана 1960; издавачи за вештачење, наука и законот (списание)) и австралиската академија за криминалистички науки (основана 1967 година; издавачи на австралискиот весник за криминалистички науки) . Поделби![]() ![]()
Значајни вештаци![]()
Дискутабилни техникиСе верувало за некои техники на вештачење, дека се научно точни во времето кога биле користени, за подоцна да се испостави дека имаат многу мали научни заслуги или пак воопшто немаат. Некои такви техники вклучуваат.:
Наука за литигацијаНауката за литигација опишува анализи или податоци развиени или произведени посебно за употреба во судскиот процес против оние кои ги произведува во текот на независни истражувања. Се користат демонстративни докази, што е доказ создаден во подготовката на судењето од страна на адвокатите. Примери во популарната култураШерлок Холмс, измислениот лик создаден од Артур Конан Дојл во делата произведени од 1887 до 1915, користел вештачење како една од неговите истражувачки методи. Конан Дојл кредитира инспирација за Холмс на својот учител во медицинскиот факултет на Единбуршкиот универзитет, надарен хирург и судски детектив Џозеф Бел. Децении подоцна стрипот Дик Трејси исто така оформил детектив користејќи се со голем број на методи на вештачење, иако понекогаш методите биле понереалени отколку што всушност е можно. Бери Ален (обичниот облик на Флеш Гордон) е вештак на централното полициско одделение во градот. Правобранителот Пери Мејсон повремено се користел со техники на вештачење, како во романите така и во телевизиските серии. Една од најраните телевизиски серии која се задржувала на научна анализа на докази била “Квинси, ME” (1976-1983), малку заснована врз основа на уште постара канадска серија под наслов Воџек), со главниот лик како медицински испитувач во Лос Анџелес кој решавал кривични дела преку внимателно испитување. Воведната шпица на секоја епизода прикажувала клип на насловниот лик, кој го играл Џек Клугмен, почнувајќи со предавање на група на полицајци со "Господа, сега ќе влезете во најфасцинантната сфера на полициската работа, светот на судската медицина ". Серии со слична тематика ги вклучуваат и “Dexter”, “The Mentalist”, “CSI”, “Cold Case”, “Bones”, “Law & Order”,” Body of Proof”,” NCIS”, “Criminal Minds”, “Silent Witness”, “Case Closed”, “Midsomer Murders” and” Waking the Dead” кои отсликуваат гламурозни верзии на активностите на судските научници на 21-от век. Некои тврдат дека овие телевизиски емисии ги зголемиле очекувањата на поединците за вештачењето, влијание наречено "CSI ефект". ТВ емисии засновани врз основа на научно-стручна литература како, “Forensic Files”, “The New Detectives”, “American Justice”, и “Dayle Hinman's Body of Evidence” исто така, ja популаризираат судската наука. КонтроверзииПрашања во врска со судска наука, отпечатоци од прсти и претпоставки зад овие дисциплини беа изнесени на виделина во некои публикации, најновото е една статија во “New York Post”. Во статијата се изјавува дека " Никој не ја докажал дури и најосновната претпоставка: Дека секој отпечаток од прст е уникатен ". Во статијата исто така се истакнува дека: " Сега таквите претпоставки се доведeни во прашање - а со тоа може да дојде радикални промени во начинот на кој судска наука се користи од страна на полициските оддели и јавни обвинители " На 25 јуни 2009 година Врховниот суд издаде 5-во-4 одлука во Мелендез-Дијаз против Масачусетс во која се наведува дека извештаите на криминалистичката лабораторија не може да се користат на судењето против обвинетиот, освен доколку аналитичарите одговорни за нивното создавање не им дадат сведоштво и да се подложат самите себеси на испитување. Врховниот суд во својата одлука ги наведе националните академии за Зајакнување на судската наука во САД. Пишувајќи за мнозинството, Џастис Антонин Скаља му се обрати на Истражувачкиот Националниот совет со неговото тврдење дека "Доказите од вештачењето не се уникатно имуни на ризик од манипулација." Во 2009 година, научниците покажале дека е можно да се произведат ДНК докази со тоа укажувајќи дека е можно лажно да се обвинат или ослободат лица користејќи фалсификувани докази. Иако судската наука значително ја подобри способноста на истражувачите за решавање на злосторствата, тие имаат ограничувања и мораат да биде прегледани во и надвор од судницата за да се избегнат погрешни пресуди, што се случувало. |
Portal di Ensiklopedia Dunia