Сумерски јазик
Сумерски јазик бил јазик на античките жители на Сумер, кој се говорел во јужна Месопотамија (денешен Ирак), од 4-от милениум п.н.е. Се смета за најстариот пишан јазик, напишан е со клинесто писмо. Во текот на 3-от милениум п.н.е., се развила културна симбиоза меѓу Сумерите и луѓето од Акад, кој влучува и близок однос меѓу двата јазика и раширена двојазичност. Влијанието на сумерскиот и акадскиот јазик е очигледно во сите области, од масовните лексички позајмувања, до синтаксичките, морфолошките и фонетичките конвергенции. Акадскиот јазик постепено го заменил сумерскиот како говорен јазик, некаде околу преминот од трети во втори милениум п.н.е. но, сумерскиот продолжил да се користи како религиозен, церемониски, книжевен и научен јазик на Месопотамија до 1 век од нашата ера. Потоа бил заборавен до 19 век, кога се дешифрирале глинените таблици со клинестото писмо. Сумерскиот јазик е изолиран, без познати сродни јазици. Се предложувале врски со многу јазични семејства, но ниедна не е докажана. Сумерскиот јазик поминал низ неколку фази: Архаичен сумерски — 3100 – 2600 п.н.е. Фонетски одликиМногу особини на сумерскиот јазик не можат точно да се одредат поради начинот на кој е напишан: со клинестото писмо кое не ги бележи верно гласовите и за кој не е познат точен изговор на сите симболи. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia