Суперкритичен јаглерод диоксид![]() Суперкритичен јаглерод диоксид (scCO2) — флуидна состојба на јаглерод диоксидот во која тој е над своите критична температура и критичен притисок. Јаглерод диоксидот се однесува како гас во воздухот на стандардни температура и притисок (СТП) или како цврсто тело познато како сув мраз кога е замрзнат. Ако температурата и притисокот се зголемат од СТП до услови над критичната точка за јаглерод диоксид, супстанцата постанува помеѓу течност и гас. Поточно се однесува како суперкритичен флуид над својата критична температура (304,13 К, 31,0 оС) и критичен притисок (7,3773 MPa, 72,8 atm)[1], ширејќи се да го наполни садот како гас, но имајќи висока густина како таа на течност. Суперкритичниот CO2 е значаен индустриски растворувач поради неговата улога во хемиска екстракција и неговите незначајни токсичност и влијание на животната средина. Релативно ниската температура на процесот и стабилноста на јаглерод диоксидот дозволуваат голем број соединенија да бидат екстрактирани без значајни оштетувања или денатурација.[2] Овој процес дозволува селективна екстракција бидејќи растворливоста на соединенијата во scCO2 се менува со притисокот на процесот.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia